СИРИЗА: Со мерките на владата, нема да се подобри ситуацијата на островите за бегалците

Со мерките што денеска ги соопшти владата, ниту ситуацијата на островите ќе се подобри, ниту условите за бегалците и мигрантите ќе станат подобри, велат од грчката опозициска партија СИРИЗА во однос на објавениот оперативен план на владата за справување со бегалското и мигрантското прашање и додаваат дека со мерките, островите ќе бидат претворени во затвори.

Во соопштението, од СИРИЗА ја обвинуваат владата дека доцни четири месеци со програмата за прераспределување, „создавајќи хаос на островите, а барателите на азил да достигнат до 37. 000, од 15. 000 на почетокот на јули“.

-Владата тврди дека решението се затворени центар за притвор од 5.000 лица. Островите ги претвора во затвори каде ќе бидат затворени сите баратели на азил, семејства и малолетни лица. Така, затворањето се претвора од последна мерка во општо правило. Односно кршејќи ги основните одредби на меѓународното и европското право, но освен тоа, полнењето на нашите острови со затвори создава уште поголема опасност од тензии, соопштуваат од СИРИЗА.

Од грчката опозициска партија, ја повикуваат владата да вработи службеници и преведувачи, веднаш да префрли 20. 000 лица од островите, да ја притисне ЕУ за да и наметне на Турција да ги исполни обврските од договорот и „конечно да ги остави зборовите и да премине на дела, секогаш почитувајќи го меѓународното право“.

Реакцијата од СИРИЗА доаѓа по објавениот план на владата да се затворат постоечките бегалски кампови на пет острови и на нивно место да се изградат нови, затворени центри (за лицата што не добиле азил и кои ќе треба да бидат депортирани), како и центри за прием и идентификација.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e