Сириски бегалец избран за градоначалник на германскиот град Остелсхајм

Сирискиот бегалец Ријан Алшебл официјално положи заклетва како градоначалник на германскиот град Остелсхајм на синоќешната свечена седница на Општинскиот совет.

Алшебл (29) побегна од војната во Сирија пред осум години. Во април 2023 година, граѓаните на германската општина со 2.500 жители го избраа за нов шеф на Градското собрание со апсолутно мнозинство од 55,41 отсто.

Мрежата на млади градоначалници соопшти дека не знае за друг бегалец, кој пристигнал во Германија во 2015 година, а сега е градоначалник на германска општина. Според податоците на Општинското здружение на Баден-Виртемберг, немало друг кандидат со сириско потекло за функцијата градоначалник во југозападната германска покраина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e