Синдикатите и жолтите елеци денеска одржуваат собири низ француските градови

Синдикатите и жолтите елеци денеска одржуваат собири во Амиен, Лион, Ница, Нанси, Париз и во други француски градови во знак на протест поради пензиските реформи. Истовремено штрајкот во јавниот превоз продолжува.

Штрајкот во транспортот, кој трае вече 24 дена, сериозно ги нарушува плановите на Французите за заминување или враќање од одмор за време на божиќните празници.

Неколку синдикати повикаа на протести денеска, на кои им се придружија и жолтите елеци, особено во главниот град на Франција.

Забележани се судири меѓу жолтите елеци и полициските сили, а употребен е и солзавец.

Засега не се очекува решение на социјалниот конфликт за реформата во пензискиот систем, имајќи предвид дека Владата веројатно ги одолговлекува преговорите, кои се закажани дури за 7 јануари, надевајќи се дека бројот на демонстрантите ќе се намали, а јавноста ќе се сврти против нив поради блокадите во сообраќајот.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e