Шест лица убиени во напад со нож во кинеска градинка

Шест лица загинаа, а едно е повредено во напад со нож во градинка во кинеската провинција Гуангдонг, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на полицијата.

Полицијата откри дека уапсила 25-годишен маж по презиме Ву. Меѓу жртвите има и еден професор, двајца родители и три деца, пренесува AFP, повикувајќи се на портпаролката на градот.

Нападот се случил во неделата вечерта нешто пред полноќ, а напаѓачот бил уапсен утрово околу осум часот.

Полицијата нападот го нарече намерен. Ваквите случаи се многу ретки во Кина, но земјата бележи зголемување на нападите со нож во последниве години, вклучувајќи ги и оние во училиштата и градинките.

Во август минатата година, напаѓач со нож упадна во градинка во југоисточната провинција Џиангси, при што уби три лица, а рани уште шестмина.

Во април 2021 година, две деца беа убиени, а 16 други беа повредени во масовен напад со нож во градот Беили, автономниот регион Гуангкси Жуанг.

Во октомври 2018 година, 14 деца беа повредени во напад со нож во градинка во југозападниот кинески град Чонгкинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e