Шефот на полицијата утрово открива: Данка се пробудила во автомобилот – еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото

Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ ја убиле малата Данка Илиќ (2), а најновото откритие од истрагата ја запрепасти јавноста. Двајцата работници на „Водовод“ од Бор го признаа убиството на малата Данка Илиќ, а деталите од истрагата продолжуваат да ги шокираат сите во Србија, но и регионот.

Шефот на Управата за криминалистичка полиција Нинослав Чмолиќ во гостувањето на Инфо утро на телевизија Информер објави шокантно откритие.

Имено, откако ја удриле Данка со автомобилот, мислеле дека е мртва и ја ставиле во багажникот, но девојчето било живо и се разбудило во еден момент!

– Според нивните изјави застанале да уринираат во близина на куќата. Подоцна, кога продолжиле, ја удриле Данка, а потоа ја ставиле во багажникот. Чудно движење на нивното возило било снимено на ГПС. Нивните приказни не се поклопуваат за задавувањето на детето, бидејќи детето се разбудило додека возеле, а сопатникот ја задавил Данка, но не можат да се договорат кој го извршил задавувањето на детето,за подоцна неговото тело да го фрлат во депонија – изјави началникот на УКП и додаде:

– Деноноќно се собираат докази. Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се совпаѓаат со деталите кога детето е удрено од автомобилот, но не се усогласени околу самото убиство на детето. Данка била во несвест кога ја удриле со автомобил, а мислеле дека е мртва, па се изненадиле што се разбудила, па едниот ја удавил и на крајот се ослободиле од телота на депонијата – изјави Чмолиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e