Седум загинати во страшна сообраќајка кај Минхен: возачот бегал од полиција

Најмалку седум лица загинаа, а многумина се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу 03:15 часот на автопатот А94 во Баварија.

Според првите сознанија на полицијата, во несреќата учествувало возило на шверцер, пишува faz.net.

Во комбето Мерцедес Вито со девет седишта најверојатно имало повеќе од 20 бегалци, меѓу кои и деца.

Патрола на федералната полиција го забележала возилото околу три часот таа ноќ.

Возачот на мерцедесот вито потоа го забрзал возилото и избегнал контрола“, се вели во полициското соопштение.

На раскрсницата Ампфинг/Валдкрајбург, возачот изгубил контрола над возилото, кое потоа неколку пати се превртело.

Седум лица загинаа, а сите други се полесно повредени и се префрлени во блиските болници. Меѓу повредените има и деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e