Сараево најзагаден град во светот, зад него се Делхи и Лахоре

Со индекс на квалитет на воздухот од 350, Сараево повторно е најзагаден град во светот, а во некои делови од градот овие вредности надминуваат и 400.

Според IQair, концентрацијата на PM2,5 во Сараево моментално е 60 пати поголема од годишните упатства на Светската здравствена организација за квалитетот на воздухот. Зад Сараево утрово се Делхи, Лахоре, Даха, Карачи, Калкута, Кампала, Кувајт и Кабул.

На граѓаните им се препорачува да поминуваат што е можно помалку време на отворено или, доколку апсолутно мора, да се заштитат со соодветни респираторни маски, објавија федералните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e