САД: Објавена снимка од убиството во Шарлот – протестите продолжуваат

Во американскиот град Шарлот, во сојузната држава Северна Каролина, четврта ноќ по ред се одржаа протести, кои избија откако полицијата уби Афроамериканец.

Семејството на убиениот 43-годишниот Кит Ламонт Скот утрината објави снимка од настаните кои му претходеле на убиството. Стотина насобрани демонстранти бараа од полицијата да ги објави сите снимки од настанот.

Видеото кое го објави телевизиската мрежа „Ен-би-си“ го снимила сопругата на убиениот, Раки Скот. Таа се приближила до местото на кое неколку полицајци во панцир држеле вперено оружје во нејзиниот сопруг, викајќи им да не пукаат затоа што не е вооружен.

Полицијата наведува дека на Скот повеќепати му било речено да го положи оружјето пред да биде убиен, но очевидци тврдат дека тој во раката држел книга.

Полицаецот кој го уби Скот исто така е Афроамериканец.

Шарлот е еден градовите ширум САД во кои веќе две години се одржуваат протести поради полициските убиства на Афроамериканци.

Извор: Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e