САД му упатија закана на наследникот на Сулејмани

Специјалниот американски пратеник за Иран, Брајан Хок, му упати закана на Есмаил Гани, кој на позицијата командант на специјални сили „Кудс“ на иранската Револуционерна гарда, дојде на почетокот на месецот на местото убиениот Касем Сулејмани.

Хок за саудискиот весник „Ашрак ал-Авсат“ кажа дека смртта на Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари во американскиот воздушен напад со дрон  во близина на аеродромот во Багдад, „е празнина која иранскиот режим тешко ќе ја пополни“, пренесува Анадолија.

-Ако и Есмаил Гани го следи патот на убивање Американци, ќе го снајде истата судбина, рече Хок, запрашан за новиот командант на силите „Кудс“ и што ќе се случи доколку тргне по истиот пат како Сулејмани.

Хок кажа дека за напади врз Американците или интересите на САД во регионот како одговорни ќе ги сметаат иранскиот режим и силите кои делуваат во негово име.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e