Руски новинари протерани од Косово, правеле документарец за СПЦ

Косовската полиција соопшти дека протерала двајца руски новинари од земјата , затоа што немале визи.

Во соопштението е наведено дека новинарите немале ниту визи, ниту пак печат од граница дека влегле во земјата на легален начин. Со полициска придружба новинарите биле испратени до северниот граничен премин со Србија.

Тие биле вработени во руски медиуми со претставништво во Белград. Новинарите беа уапсени на 15 септември во јужниот дел на Косово, под сомнение дека нелегално влегле во земјата и биле однесени во Приштина по што следниот ден се протерани.

Новинарите велат дека работеле на документарец за Српската православна црква, и дека се казнети со 200 евра парична казна и забрана за влез во Косово во следните пет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e