Русија сака продолжување на Новиот СТАРТ договор за контрола на нуклеарното оружје

Русија е подготвена до крајот на декември да го продолжи Новиот СТАРТ договор за контрола на нуклеарно оружје без дополнителни услови и дополнителни разговори, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Британските медиуми пренесуваат дека Новиот СТАРТ договор, што завршува во февруари 2021 година, е последниот голем договор за контрола на нуклеарното оружје меѓу Русија и САД, што го ограничува разместувањето на стратешките нуклеарни боеви глави.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e