Речиси 150 лица поврзани со Исламската држава се уапсени во Турција

Турските власти уапсија 147 лица под сомнение дека се поврзани со Исламската држава, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Тој во објава на платформата „Х“ наведе дека полицијата уапсила осомничени во истовремени операции во повеќе од 30 турски провинции.

Јерликаја додаде дека осомничените биле активни во рамките на Исламската држава, дека учествувале во вооружени конфликти со членовите на таа група и дека помагале во нејзиното финансирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e