Путин: Се зајакнува позицијата на Русија на глобалниот пазар на оружје, и покрај засилениот режим на санкции

Се зајакнува позицијата на Русија на глобалниот пазар на оружје, и покрај засилениот режим на санкции и нелојалната конкуренција, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Расте извозот на руско вооружување и воена опрема, бидејќи годинава се испорачани оружје и опрема во вредност до 13 милјарди долари, рече Путин, и додаде дека тоа е за повеќе од две милијарди во однос на истиот период од минатата година, пренесе Тасс.

Путин додаде дека ситуацијата на пазарите на оружје треба постојано да се анализира и дека треба да се води сметка за променливите барања на купувачите.

-Потребно е постојано анализирање на состојбата на регионалните пазари, во реално време, земејќи ги во предвид променливите барања на купувачите и задоволувајќи ги нивните се поголеми барања, рече рускиот претседател.

Тој наведува дека нарачките за руско вооружување генерално се стабилни и изнесуваат над 50 милијарди долари.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e