Путин се меша во изборите во САД, обвини Клинтон

Кандидатот на демократите за претседател на САД, Хилари Клинтон го обвини рускиот претседател Владимир Путин за мешање во изборите откако тој изјави дека неодамнешното протекување на мејлови на демократите е во служба на јавноста.

Путин во интервју за Блумберг негираше дека руските власти стојат зад хакерскиот напад, но изјави дека не е важно кој стигнал до податоците, туку што сега тие и се достапни на јавноста. Портпаролот на Клинтон Џеси Лехрич реагираше до Блумберг дека е очигледно оти Путин му се придружил на републиканскиот кандидат Доналд Трамп во поддршката на странското мешање во изборите кое има за цел да и предизвика штета на Клинтон и на демократите во трката. – пишува РСЕ.

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e