Путин ја поздравува политичката волја на Макрон за дијалог, изјави Песков

Рускиот претседател Владимир Путин ја поздрави подготвеноста и политичката волја на францускиот претседател Емануел Макрон да продолжи дијалогот за кризата во Украина во рамките на Нормандиската четворка, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Тој изјави дека Макрон предложил да се одржи состанок еден-на-еден, пренесува Тасс.

– Путин и Макрон се разбираат еден со друг, тие не се согласуваат за сè, но се согласуваат за една работа и тука ја покажуваат политичката волја дека нема алтернатива на дијалогот и дебатата, па дури и за прашања за кои засегнатите страни сè уште не разговарале. Во врска со тоа, нашиот претседател е импресиониран од подготвеноста и политичката волја на Макрон, рече Песков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ