Путин го потпиша законот: На земјите од ЕУ повторно им се наплаќаат визите

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој повторно се воведуваат такси за издавање руски визи за државјани на одредени европски земји.

Законот се однесува на граѓаните на Данска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, како и на ЕУ како целина, пренесе ТАС.

Луѓето кои претходно беа ослободени од плаќање за виза, сега ќе мора да платат за тоа. Станува збор за блиски роднини на Русите од тие земји, ученици, студенти, учесници во научни, културни и спортски активности.

Меѓу нив има претприемачи, возачи на камиони на долги релации и оние кои патуваат во Русија за да ги посетат цивилните и воените гробници.

Меморандумот што го придружува законот наведува дека износот на таксата ќе се движи од 50 до 300 долари во зависност од итноста и бројот на бараните записи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e