Пет лица меѓу кои и мало дете загинаа во невремето на Халкидики

Страшно невреме го зафати Халкидики и според неофицијални информации има петорица мртви, јавува државната грчка телевизија ЕРТ.

Неколку локални медиуми, но и Катимерини објавуваат дека едната е жртвите е двегодишно детенце.

Има и повредени, меѓу кои ги истакнуваат татко и син, кои биле гости во еден хотел, но нема информации каква е нивната состојба.

По горештините со 42 степени, дожд и бура ги зафатија централниот и северниот дел на Грција, но температурите паѓаат низ целата земја.

Како што објави ЕРТ, на неколку места има и прекини на струја, а се очекува невремето да трае до 6 часот наутро.Локалните власти со полицијата и противпожарните служби се на нозе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e