Парламентарни избори во Полска ќе се одржат во октомври

Кабинетот на полскиот претседател Анджеј Дуда, денес соопшти дека парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 13 октомври.

Повеќето анкети предвидуваат дека владејачката партија, Партијата на законот и правдата, ќе победи, благодарение на социјалните придонеси и силниот економски развој.

Од преземањето на власта, партијата е во судир со ЕУ во врска со судските реформи, како и миграциската и еколошката политика.

„Претседателот штотуку потпиша одлука за одржување на изборите на 13 октомври”, изјави портпаролот на полскиот претседател.

Најновата анкета на ИБРИС минатата недела покажа дека владејачката партија ќе освои 41,7 проценти од гласовите, додека водечката опозициска група, Граѓанската коалиција, ќе добие 25 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e