Оланд: Франција не може во одбраната на ЕУ да биде сама

Франција може да ја преземе лидерската улога во европската воена соработка, но не може се сама, изјави денеска во Братислава францускиот претседател Франсоа Оланд.

Тој наведе дека Франција сака да соработува со своите партнери за да ја обезбеди одбраната на Европа, во согласност со постоечките сојузи, пред се со САД во рамките на НАТО.

Франција, која е главната воена сила по Брегзит, заедно со Германија, се залага за поактивна одбранбена политика со цел да се врати довербата што беше разнишана по терористичките напади, мигрантската криза и глобализацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e