Од 1 јануари Кина ќе ги намали давачките за повеќе од 850 увезени производи

Од 1 јануари 2020 година, Кина ќе ги намали давачките за повеќе од 850 увезени производи. Уште едно намалување е закажано за 1 јули.

За да се задоволи зголемената побарувачка од кинеските странски потрошувачи, кинеското Министерство за финансии ги намалува тарифите. Стоките како замрзнато свинско месо и авокадо и замрзнат сок од портокал ќе се оданочуваат помалку.

„Во 2019 година имаше промени во увозните и извозните давачки на 706 видови стоки. Во 2020 година, нивниот број ќе се зголеми за 20% на 859.

Царинските давачки за одредени ИТ производи ќе бидат намалени уште од 1 јули следната година“, изјави Гао Линггонг, од Кинеската академија за општествени науки.

„Увозот на суровини и технологии се клучни за индустријата. Намалувањето на тарифите ќе помогне да се развие високо квалитетна економија“, смета пак Фан Јонг, од Универзитетот за финансии и економија: .

Давачките на лекови за астма и дијабетес се 0%. Ова е случај и за увоз на полупроводници. Ќе се намалат и царинските давачки за некои производи од дрво и хартија.

Следната година кинеските власти ќе ги променат тарифите за стоки од 23 земји што постигнале договори за отстранување на меѓусебните трговски ограничувања.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e