О’Браен: НАТО не сака судир со Русија заради Украина

НАТО засега не е заинтересиран за прием на Украина во своите редови, бидејќи не сака да влегува во директен судир со Русија, изјави советникот на америкнскиот претседател за национална безбедност Роберт О’Браен.

На безбедносен форум во канадскиот град Халифакс О’Браен беше запрашан дали НАТО треба поактивно да ја „држи Украина подалеку од руската агресија“ .

-Што се однесува до НАТО и Украина не мислам дека тоа сега е на дневен ред. Русија фактички е во судир со Украина. Не мислам дека за НАТО ќе биде привлечно да ја прими Украина во своите редови и да стапи во директен сидир со Русија, рече советникот за национална безбедност на американскиот претседател.

Тој смета дека Запад не сака судир со Русија и дека НАТО е создаден да не го дозволи таквиот судир, пренесоа руски медиуми.

О’Браен истовремено потврди дека САД и натаму ќе ја поддржуваат Украина во нејзиното спротивставување на Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e