Објавени фотографии на двајца осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ

Косовската полиција денес објави фотографии на двајца осомничени во случајот со убиството на Оливер Ивановиќ во северна Митровица во јануари минатата година.

Се наведува дека објавувањето на овие фотографии со дозвола на Специјалното обвинителство има за цел собирање на податоци и идентификување на лицата од фотографијата.

Граѓаните се повикани ако имаат податоци за лицата од фотографијата да пријават во косовската полиција преку телефон или мејл, пренесува приштинска Коха.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e