Нова трагедија во Србија: Дете и неговиот татко пронајдени мртви

Во стан на Баново брдо се пронајдени телата на маж (41) и неговиот деветгодишен син, а се сомневаат дека се работи за убиство и самоубиство. Оваа трагедија ги шокираше сите жители на малата улица во Чукарица.

Според соседите, првата полициска патрола дошла околу 19 часот. Потоа слушнале плач на жена, која, како што тврдат, е мајка на момчето. Наводно повикала бравар да ја отвори заклучената врата.

-Пред тоа не слушнавме ништо. Тие живееја таму како станари, ние не ги познававме. Можеби сме ги виделе, но попатно. Овде постојано се менуваат станарите бидејќи сопствениците на куќата починале, а младиот сопственик ретко ја посетува куќата. Трагедија, што друго да кажеме, рекоа ужаснатите соседи.

Еден сосед посочува дека инаку е мирна улица и дека никогаш немало расправии или тепачки. Неколку станари живеат во посебни делови во куќата во која се случи трагедијата.

Како што јавуваат српските медиуми, по одземањето на телата низ улицата на Баново брдо одекнале лелекот на очајна жена за која се претпоставува дека е мајка на детето. Набрзо била однесена со возило на брза помош.

Повеќе детали за страшниот настан ќе бидат познати по обдукцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e