Во несреќа во рудник за јаглен во југозападната кинеска провинција Гуиџои загинале најмалку 14 рудари, додека двајца се водат како изчезнати, јави утринава Ксинхуа, а пренесе ДПА.
Во рудникот Гуангдонг дошло до експлозија на гас, а во моментот во окното се наоѓале 23 рудари.
Седуммина од рударите успеале да излезат на површината на земјата, но двајца се уште се водат за исчезнати
ДПА пренесува дека официјални претставници на локалната Комунистичка партија пристигнале на местото на несреќата за да ја надгледуваат спасувачката акција за двајцата исчезнати рудари што ја спроведувале пожарникари, полиција и други служби за итни случаи. Акцијата за спасување е се уште во тек.
Кина е најголемиот потрошувач на јаглен во светот.