НАТО распоредува “застрашувачка сила” во близина на руската граница

НАТО алијансата се подготвува да распореди “застрашувачка борбена сила” од 4.000 војници во регионот на Балтикот, во близина на границата со Русија, најдоцна до следниот мај.

Овој договор бил потврден на состанокот на воените лидери на членките на НАТО, кој за време на викендот се одржал во Сплит. Чешкиот генерал Петр Павел најавил дека четири баталјони ќе бидат пратени во регионот на Балтикот во различни периоди, заклучно со мај 2017. година.

“Со овие четири баталјони, не зборуваме само за присуство кое означува вежбање. Силата која ја праќаме е застрашувачка, и тука ќе биде доколку дојде до потреба за борба. Играме по други правила”, рекол Павел, пренесува WSJ.

Еден од хрватските генерали на состанокот открил дека новите сили на НАТО на Балтикот ќе одговараат на командниот центар кој ќе биде воспоставен во Полска, а на чие чело ќе биде американскиот генерал Кертис Скапароти.

“На Русија мора да ѝ се пријде од позиција на сила, бидејќи другите пристапи не дадоа ефект”, рекол Скапароти, шеф на европската команда на Северноатлантскиот сојуз.

Американските службеници за Wall Street Journal рекле дека 1.000 војници ќе бидат пратени од Вилсек во Германија во Полска, каде ќе пристигнат во април. Покрај американскиот контингент кој ќе биде во Полска, Германија ќе прати сили во Литванија. Се очекува и Канада да ја понуди својата војска во Летонија, додека Британија ќе стави трупи на располагање во Естонија, Норвешка и Данска.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e