Најмалку еден убиен и тројца повредени откако студент пукал на своите другари на колеџ во Русија (ВИДЕО)

Најмалку едно лице е убиено, а тројца се повредени кога 19-годишен студент пукал на своите другари, а потоа се убил на колеџ во рускиот град Благовешченск, пренесува РТ.

Вооружен со сачмарка, напаѓачот отворил оган во сопствениот клас. Тешко повредил неколку луѓе, а една личност подлегнала на повредите. Кога полицијата стигнала на лице место, напаѓачот одбил да се предаде и го свртел пиштолот кон себе.

 

„Телата на две лица, вклучувајќи и на напаѓачот се пронајдени на местото на настанот. Тројца се повредени во пукањето на колеџот, меѓу нив двајца тинејџери и едно момче“, изјави локалниот министер за здравје.

Инспекторите допрва треба да ги утврдат мотивите на нападот, но иницијалните извештаи укажуваат дека на пукањето претходела кавга и непријателство меѓу колегите на факултетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e