Најмалку четири лица загинаа во невреме кое го погоди Иран

Во невремето кое го погоди северниот дел на Иран загинаа четири лица, јавуваат иранските медиуми.

Тричлено семејство се удавило во поплавите од надојдената река во провинцијата Голестан, а повозрасна жена загинала од гром.

Иранската државна новинска агенција ИРНА, наведува дека ветерот кој дувал со 130 километри на час ја прекинал електричната енергија и ги оштетил покривите на повеќе од 900 куќи.

Мета

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e