Најмалку 64 лица загинаа во разурнувачкиот земјотрес во Јапонија

Најмалку 64 лица загинаа во разорниот земјотрес што ја погоди Јапонија на 1 јануари, а урнатините и оштетените патишта се уште ги спречуваат спасувачките служби да спроведат операции за пребарување и спасување на преживеаните, јавуваат јапонските медиуми.

Поминаа два дена откако земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала предизвика голема штета на инфраструктурата и пожари во градот Ваџима, во префектурата Ишикава, на брегот на Јапонското Море, но целосниот размер на оваа катастрофа е се уште непознато.

Поради дождот кој, како што е најавено во подрачјата погодени од земјотресот, ќе паѓа до четврток, јапонската метеоролошка агенција предупреди на потенцијални одрони.

Јапонската војска (СДФ) користеше хеликоптери за доставување на основните материјали до отсечените области, а локалните власти побараа од централната влада да испрати дополнителен воен персонал за да помогне во спасувачките напори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e