Најмалку 10 лица загинаа во пожар во фабрика во Бангладеш

Најмалку 10 лица загинаа денеска во пожар во фабрика во близина на Дака, втора ваква несреќа во Бангладеш за помалку од една недела.

Пожар избувна во фабрика за вентилатори во областа Газипур во Дака. Десет тела беа извлечени откако пожарникарите го ставија огнот под контрола, изјави началникот на пожарот Мамунур Рашид. Тој дополни дека неколку лица се повредени.

Не е познато колку работници биле во фабриката за време на пожарот, ниту причината за избувнувањето.

Во средата загинаа најмалку 15 лица во пожар во фабрика за пластика, во близина на Дака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ