Мјанмар, Кина, Иран… на црниот список на САД за нарушители на верските слободи

Во извештај за нарушителите на верските слободи објавен неделава, САД годинава на црниот список ги ставија следниве земји: Мјанмар, Кина, Еритреја, Иран, Северна Кореја, Пакистан, Саудиска Арабија, Таџикистан и Туркменистан. Овие земји и понатаму предизвикуваат загриженост и затоа се ставени во Законот за меѓународна верска слобода.

Има и земји, Узбекистан, Коморски Острови, Куба, Никарагва, Нигерија, Судан и Русија, кои се ставени на контролен список, каде властите правеле и се уште прават сериозни нарушувања на верските слободи.

Во списокот на сериозни нарушители ставени се и терористичките организации Ал-Нусра, Ал-Каеда на Арапскиот полуостров и насекаде, Аль-Шабаб, Боко Харам, хусититие од Исламската држава, ИД-Хорасан и Талибан.

Во рамките на Законот Магнитски, САД воведија мерки против четири високи воени лица од Мјанмар одговорни за погазување на правата на малцинството Рохинда и други религиозни и етнички малцинства во таа земја.

Визни ограничувања беа воведени и против владини претставници на Кина и Кинеската комунистичка партија, одговорни за апсење и нарушување на човековите права на Ујгури, Казаци и другите муслимански народи кои живеат во западниот дел на Кина.

-Ниту една земја, организација или лице, прогонители на верниците, нема да избегаат од одговорност. Ние делуваме, и продолжуваме да го правиме тоа, изјаво Помпео синоќа.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e