Мирен протест на бегалци и мигранти на островот Самос

Бегалците и мигрантите кој се сместени во центарот за регистрација и идентификација на грчкиот остров Самос, денеска одржаа мирен протест и побараа да си заминат од островот.

По собирот пред прифатниот центар, тие протестирале низ градот и извикувале „Слобода“.

Според официјалните податоци од грчката Влада, на островот Самос во прифатниот центар наменет за 648 лица, престојуваат 5.968 бегалци и мигранти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e