Министерот за внатрешни работи на Србија: И објавуваме војна на мафијата

И објавуваме војна на мафијата, ова ќе биде тешка борба од страна на полицијата и безбедносните служби, рече министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.
Тој рече дека до крајот на годината од Министерството за внатрешни работи ќе бидат истерани сите оние кои на било кој начин се во какви било врски со криминалните структури.

“Сакам да кажам една работа на криминалците и бандитите кои доаѓаат во Белград и Србија, и мислат дека на нашите улици може меѓусебно да се пресметуваат, ова не е нивен мираз. Ние нема да дозволиме нашата земја да се користи како полигон за нивните пресметки”, додаде министерот.

Стефановиќ, рече дека е приведено едно лице осомничено дека е соучесник во убиството на Александар Станковиќ.

– Се работи за една од најдобро организираните криминални групи на Балканот од една од поранешните југословенски републики – рече Стефановиќ, објави српски Блиц.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e