Меркел: Одржувањето на НАТО денеска е уште повеќе во наш интерес отколку што беше во време на Студената војна

Оддржувањето  на НАТО е од исклучително значење за Германија, изјави денеска канцеларката Ангела Меркел, откако францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за „Економист“ пред три недели кажа дека НАТО „доживеа мозочна смрт“.

-Одржувањето на НАТО денеска е уште повеќе во наш интерес отколку што беше во време на Студената војна – или барем исто толку важно колку што беше во Студената војна, рече Меркел во германскиот Парламент.

„Затоа што, како што вчера кажа министерот за надворешни работи Хајко Маас, Европа во моментов не може сама да се брани, рече таа.

Францускиот претседател ја разбранува јавноста и сојузниците, кога на почетокот на месецот изјави дека ја живееме мозочната смрт на НАТО и дека европските земји веќе не можат да се потпрат на тоа дека САД ќе го бранат нивниот сојуз.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e