Макрон: Пензиската реформа е суштинска за земјата и треба да биде спроведена

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека неговата пензиска реформа е „неопходна“ и тврди дека да не чувствува „голема грижа“ во земјата во врска со реформите.

Дискретен од почетокот на штрајкот против пензиската реформа, Емануел Макрон се огласи со мал коментар. Тој  беше запрашан на оваа тема на прес-конференција по самитот за мировниот процес во Украина што се одржа во понеделникот во Париз. Опкружен од неговиот руски колега, Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Емануел Макрон рече:

-Сите околу масата знаат дека реформата е суштинска за земјата и дека треба да биде спроведена. Тоа е под надлежност на владата и најавите ќе бидат дадени. 

Синдикатите и понатаму повикуваат на продолжување на штрајкот што ги погодува сите јавни услуги веќе шест дена, а Емануел Макрон сакаше да ги смири. Тој дури инсистира на тоа дека не чувствува „голема загриженост“ во земјата за реформите.

Францускиот претседател исто така ја искористи можноста да го задева својот руски колега, Владимир Путин.

-Целосно го уверив Владимир Путин велејќи дека демонстрациите во Париз воопшто не се однесуваат на пензиската реформа што се спроведува во Русија, се насмевна Емануел Макрон. Имено и Владимир Путин се соочи со силни социјални протести кога планираше, во јуни 2018 година, да го реформира рускиот пензиски систем. Особено, тој сакаше да ја подигне возраста за пензии на жените. Владимир Путин ја повлече реформата, поставувајќи ја возраста на заминување кај жените на 60 години кога во оригиналниот текст беше предвидена 63-годишната возраст.

Емануел Макрон и неговиот премиер Едуар Филип ќе ги примат министрите и претставниците на парламентарното мнозинството ова вечер за усогласување на позициите за  да се избегне нова какофонија во објаснувањето на реформата.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ