Според податоците на статистичката агенција Еуростат драстичен тренд на опаѓање на населението е забележан во Југоисточна Европа, при што предначат земјите од Западен Балкан. Македонија, Хрватска и Бугарија доживуваат најголема загуба на население во последната деценија, пренесува хрватскиот Индекс.
Македонија има пад на населението од 11 отсто од 2012 година, додека Хрватска и Бугарија изгубиле околу 9 отсто од своите жители. Србија и Босна и Херцеговина, исто така, забележаа значителен пад на населението, при што демографските податоци покажуваат загуба од 7,68 отсто и 6,74 отсто, соодветно. Поточно, податоците од Босна и Херцеговина се неизвесни, бидејќи последниот попис на населението беше направен во 2013 година и не беше прифатен од сите субјекти во земјата.
Романија изгуби најмногу население во апсолутна вредност, со еден милион жители помалку за десет години, што е пад од 5 проценти. Големи загуби доживеа и Бугарија, при што земјата загуби 626.500 население во бројки. Грција и Србија загубија 608.000, односно 526.000 жители. Посебно Хрватска доживеа голем процентуален пад, со загуба од 9,66 отсто од нејзиното население. И покрај разликите во богатството и економскиот развој во регионот, демографските проблеми се слични во сите овие земји. Подобрувањата на животните услови го зголемија животниот век, но бројот на раѓања опаѓа, со што се зголемува притисокот врз економијата и се зголемуваат предизвиците поврзани со стареењето на населението.