Курц: Затворањето на балканската рута беше правилен чекор

Затворањето на балканската рута беше правилен чекор, изјави австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, пред одборот за надворешна политика на австрискиот парламент.

Курц ги отфрли тврдењата на пратеничката од Зелените, Ален Корун, дека затворањето на балканската рута придонело за најголемиот товар да падне врз Грција и врз Италија. Тој, исто така, негираше дека официјална Виена води политика на оградување од бегалците.

– Ние не смееме да ги затвораме очите пред страдањето во светот. Меѓутоа, со неограничениот прием на бегалци во Централна Европа не може да се намалат страдањата – рече Курц.

Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e