Кривопаланечкото девојче повторно е светска првенка – Голем успех на Мери Акиевска

Македонската бодибилдинг репрезентативка Мери Акиевска која потекнува од Крива Паланка се враќа со голем успех од Санта Сузана.

Акиевска трета година во низа е планетарна првенка на Светското првенство во бодибилдинг и фитнес за мажи и жени, јуниори и сениори во Шпанија.

Третпат во низа Акиевска ја победи конкуренција и забележа нова победа на Мундијалот во својата категорија до 163 сантиметри висина.

Покрај златото на Акиевска, Македонија има и сребро од овој Мундијал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e