“Ќе скапеш во затвор” викал убиецот од “Рибникар” по својата мајка

Момчето-убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“ повторно ја шокирал полицијата и персоналот на Клиниката за психијатрија и неврологија за деца и младинци, кога, уште еднаш, манифестирал револт и отворема омраза кој мајка му, Миљана Кецмановиќ.

Како што пренесуваат дел од српските медиуми, тој во еден момент се свртел кон прозорецот и извикал: „Ќе скапеш во затвор!“

Кога еден од полицајците го прашал со кого разговара, тој ладнокрвно одговорил: „Со онаа жена наречена мајка“.

– Тој и претходно изразуваше гнев кон мајка си. Мислеше дека ќе може да биде присутен на судењето на Миљана и таткото Владимир, каде сакаше да „каже сѐ“. Што сакаше да каже, не кажа – објаснува информиран извор од болницата.

Во болницата споменал и дека постоело едно девојче кое не го мразел

– Може да се каже дека е единствената женска личност што „не ја мразел“. Познато е дека речиси сите жртви се девојчиња. Затоа е чудна оваа блага комуникација со девојката – вели изворот.

Односот на Коста со неговата мајка е, во најмала рака, турбулентен. Како што покажа истрагата, тој со месеци планирал како ќе изгледа масакрот во „Рибникар“ и притоа сакал само едно, од тоа најмногу да страда Миљана Кецмановиќ.

Интересно е најмалку гнев покажувал кон таткото Владимир. .

– Згора на тоа, тој воопшто не го спомнува својот татко – рекол информираниот извор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e