Кирил Петков имал страшна сообраќајка, загинал неговиот возач и уште две лица

Поранешниот премиер на Бугарија – Кирил Петков бил дел од страшна сообраќајна несреќа во која има најмалку тројца загинати, јавуваат бугарските медиуми.

Во сообраќајката загинал возачот на Петков, како и две лица во другиот автомобил.

Според првичните информации кои ги објави партијата „Промените продолжуваат“, до несреќата дошло откако автомобилот во кој загинаа маж и жена на возраст од 60-тина години преминал на другата коловозна лента.

Петков се здобил со повреди, но засега нема информации во каква здравствена состојба е поранешниот бугарски премиер.

Пред речиси еден месец и другиот копретседател на „Промените продолжуваат“ – Асен Василев учествуваше во верижна сообраќајна несреќа, која помина само со материјална штета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e