Ји: Американски политичари ја оцрнуваат Кина насекаде во светот, без да презентираат конкретни докази

Соединетите Американски држави се најголемиот извор на нестабилност во светот и нивните политичари неоправдано ја оневозможуваат Кина, изјави министерот за надворешни работи на втората по големина економија во светот Ванг Ји за време на самитот на Г20 во Јапонија, јави „CNBC“.

Пријателските односи меѓу САД и Кина се нарушени заради трговската војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година.

За време на состанокот во Нагоја, Јапонија, министрите на најголемите светски економии разговараа за состојбата во светската трговија, постигнувањето на целите за одржлив развој и развојот на земјите во Африка. Важни теми на агендата вклучуваа и реформи во Светската трговска организација (СТО) и оданочување на големите компании во сферата на дигиталните технологии.

Според Ванг, Соединетите држави се обврзале на унилатерализам и протекционизам, со што ќе се оштети милтулатерализмот и мултилатералниот трговски систем.

„Тие станаа најголем дестабилизирачки фактор во светот“, рече кинескиот дипломат.

САД ја користат својата машина за да извршат притисок врз легитимните кинески бизниси, и без причина упатуваат обвиненија против азиската земја, што според Ванг Ји, се смета за „чин на вознемирување“.

„Одредени американски политичари ја оцрнуваат Кина насекаде каде одат во светот, без да презентираат конкретни докази“, додаде кинескиот политичар.

САД, исто така, го користат своето домашно законодавство за да интервенираат „грубо“ во внатрешните работи на Кина, обидувајќи се да и наштетат како на неа, така и на стабилноста и просперитетот на Хонг Конг, рече Ванг Ји.

Претставниците на Пекинг беа лути откако Претставничкиот дом на САД донесе два предлог-закони за да ги поддржи антивладините протести во Хонг Конг и да испрати предупредување до Кина во однос на почитувањето на човековите права.

Според кинескиот министер за надворешни работи, развојот и растот на Кина се неизбежен тренд за историјата, што ниту една сила не може да ја запре.

„Само соработката меѓу Кина и САД може да биде вистинскиот пат“, заклучи тој.

Покрај министрите на Г-20, нивните колеги од Виетнам, Египет, Шпанија, Холандија, Нов Зеланд, Сенегал, Сингапур, Тајланд и Чиле беа поканети да присуствуваат на состанокот во Нагоја.

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e