Јапонец отвори бесплатен ресторан во Харков, Украина

Трогнат од судбината на жителите на Украина, кои поради руското гранатирање биле принудени да бараат засолништа и во станиците на метроата, меѓу другото, 75-годишен Јапонец од Токио решил да остане меѓу нив. Со месеци, како што рече, живеел во метростаница во Харков, каде што доброволно им делел храна.

– Јуни, јули, август, септември, октомври, ноември, декември – седум месеци живеев под земја, во метростаница, спиејќи и јадејќи со многу други Украинци. „Фуми кафе“ опслужува околу 500 луѓе дневно, рече Цучико.

Со помош на неговите украински пријатели, Цучико отвори бесплатен ресторан во населбата Салтивки во градот – главно, благодарение на парична помош од Јапонци преку интернет. Тој ја посетил Украина како турист во февруари 2022 година. Јапонската амбасада му понудила да ја напушти земјата, бидејќи Русите подготвуваа инвазија. Тој отишол во полскиот главен град Варшава, но се вратил по два месеци.

Тој сведочи како Харков бил заземен од руските сили, а потоа Украинците ги турнале кон границата. И покрај повлекувањето, руските напади врз градот продолжиле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e