Израелец затворил вработена во менувачница во Венеција, бидејќи не му се допаѓал курсот

Властите во Венеција и по крајот на сезоната мора да се носат со инцидентите туристи. Како што објавува Си Ен Ен, 46-годишен израелски турист затворил вработена во менувачница незадоволен од износот кој го добил откако разменил 100 американски долари во евра.

Туристот влегол во менувачницата кај познатиот Риалто мост, а откако разменил долари во евра, сакал да ја запре трансакцијата затоа што како што тврдел, добил премалку евра.

Тогаш се забарикадирал во менувачницата и ја затворил вработената. Таа некако успеала да повика полиција која по половина час успеала да го уапси Израелецот и нејзе да ја спаси.

Тој ќе биде обвинет за киднапирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e