Италија ќе им дозволи на САД да користат нејзини бази и воздушното пространство за напади врз ИД во Либија

Италијанската министерка за одбрана Роберта Пиноти изјави дека Владата е подготвена позитивно да одговори на евентуално барање на САД да користат италијански военовоздухопловни бази и воздушното пространство за напади врз Исламска држава во Либија.
– Владата е подготвена позитивно да одговори на барање за користење на военовоздухопловни бази и националното воздушно пространство и да ја поддржи операцијата, доколку тоа доведе до нејзино побрзо и ефикасно завршување, истакна Пиноти во Долниот дом на Парламентот.
Американски воени авиони во понеделникот започнаа да бомбардираат цели на ИД во Либија по барање на владата во Триполи, која е поддржана од ОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e