ИСИС ја презеде одговорноста за нападот во Москва

Терористичката група Исламска држава (ИСИС) ја презеде одговорноста за нападот во Русија, се вели во кратката изјава објавена од новинската агенција Амак, поврзана со ИСИС, на Телеграм.

Како што јави Си-Ен-Ен, ИСИС не обезбеди докази за да го потврди тврдењето.

Во исто време, руски медиуми ја пренесоа истата информација, додавајќи дека во прашање се барани лица од Ингушетија.

Најмалку 40 лица се убиени и 100 се повредени кога неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Крокус Сити Хол во Москва.

Фотографиите на наводните терористи беа објавени на социјалните мрежи на NEXTA.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e