Инциденти во дворот на Економскиот факултет во Атина, полицијата нападната со дрва, камења и разни предмети

Инциденти се случија претпладнево во дворот на Економскиот факултет во центарот на Атина, откако група млади лица ја нападнаа полицијата со дрва, камења и разни предмети, а специјалните сили одговорија со шок бомби и солзавец, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, едно лице е пренесено во болница поради проблеми со дишењето од солзавецот.

Инцидентите доаѓаат по вчерашната акција на грчката полиција во просториите на Економскиот факултет, што беа по опсада, а Деканатот синоќа преку соопштение извести дека Факултетот од денеска до 17 ноември 2019 ќе биде затворен.

Грчката полиција соопшти дека акцијата била во рамки на истрагата спроведена во простори што беа под опсада и се користеа како „бази“ за напади кон полицајците, но и места кои служат за подготовка и складирање на предмети и механизми што се употребуваат во нападите.

При упадот во трите простории што биле под опсада, грчката полиција пронашла празни стаклени шишиња, шлемови, маски за лице, стапови, апарати за гасење пожар, камења и делови од мермер што се користат за напади кон полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e