Хрватска: Зоран Милановиќ води со 29,58 отсто од гласовите

Избирачките места во Хрватска се затворија во 19 часот. Според Хрватската Државна изборна комисија (ДИП) 3,85 милиони избирачи одлучуваат кој од 11-те кандидати ќе ја предводи државата наредните пет години.

Според излезните анкети на сите три национални телевизии, кандидатот на СДП Зоран Милановиќ води со 29,58 отсто од гласовите. Зад него е актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, поддржана од ХДЗ, за која гласале 26 проценти од гласачите. На трето место е независниот кандидат Мирослав Шкоро со 24,10 отсто од гласовите.

Првите официјални податоци Хрватската Државна изборна комисија (ДИП) ќе ги објави околу 20 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e