Хрватска: Маж си го убил братот со две убодни рани во стомакот

Доцна синоќа, се случило убиство во населбата Боровци во општина Кула Норинска во Хрватска. Маж го убил својот брат. Полицијата го соопшти инцидентот утрово. -Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција на полициската управа Дубровник-Неретва и Полициската станица Метковиќ завршија кривична истрага со која беше утврдено основано сомнение дека 46-годишен маж сторил кривично дело убиство на штета на 51-годишник, со кој има блиски семејни врски.
Осомничениот уби 51-годишен маж со ладно оружје нанесувајќи му две убодни рани во стомакот, информира полицијата. Во конкретниот случај полицијата постапила по добиената дојава и на местото на настанот е пронајден 46-годишен осомничен, кој е приведен и донесен во полициските простории за кривична истрага. По наредба на Жупаниското државно правобранителство, телото на починатиот е пренесено во Одделот за патологија на дубровничката болница, каде што ќе биде извршена обдукцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e