Хорор на островот Евија: Татко се обидел да го силува деветгодишниот син

Властите во градот Халкида на грчкиот остров Евија ја истражуваат пријавата на мајка дека нејзиниот отуѓен сопруг се обидел да го силува нивниот деветгодишен син во нејзиниот дом.

„Прототема“ наведува дека овој случај предизвикал згрозеност во Грција.

Во пријавата во полиција, поднесена вчера попладне од 49-годишната мајка, се наведува дека 39-годишниот татко го внел детето во куќата и се обидел да го силува откако го угостил во неговиот дом.

Се наведува дека таткото е обвинет за обид за силување, полови дејства врз малолетник и кршење на законот против семејно насилство.

„Прототема“ наведува дека се очекува момчето да биде прегледано од страна на лекарско вештачење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e