Хорор кај Димитровград: мигрант бил избоден 20 пати во белите дробови

Мигрант утрово бил избоден со нож покрај автопатот во околината на Димитровград, објавија српските медиуми.

Од полицијата во Пирот за српски „Блиц“ е потврдено дека мигрантот добил убодни рани во утринските часови во пресметка на автопатот кај Димитровград и дека со повреди е примен во болницата во Пирот, но сè уште официјално не може да соопштат колкав е степенот на повредите и другите околности на случајот.

Не се знае од која земја е странскиот државјанин, колку години има и каков е неговиот статус на престој во Србија. Исто така сè уште не се знае која била причината за тепачката во која бил повреден.

Како што пишуваат медиумите, во тепачката мигрантот добил 20 убодни рани, од кои три потешки.

Според неофицијални информации, тој добил повреди на белите дробови и стомакот и се наоѓа во шок-собата на болницата во Пирот, каде што е донесен со возило на брзата помош од Димитровград. Се размислува и за неговиот транспорт до УКЦ – Ниш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e