Холандија го тужи производителот на Pokemon Go за инвазија на плажите

Холандските локални власти одлучија да го тужат на производителот на играта Pokemon Go, откако тој се оглушил на молбите да ги запре обожавателите коишто ги преплавиле заштитените плажи.

Станува збор една од т.н. AR игри, односно Augmented Reality, за уредите со оперативни системи Android и iOS кои овозможуваат покемоните, малите виртуелни суштества да бидат ловени во т.н. проширена стварност.

Откако играта е лансирана во Холандија, илјадници играчи ги преплавиле големите пространства на плажата Кијкдуин, што ги натерало жителите на истоименото гратче јужно од Хаг сериозно да се загрижат за заштитените песочни дини.

Локалните власти сега барат „да се забранат тие малечки виртуелни суштества во заштитените подрачја и на улиците од 11 часот навечер до 7 часот наутро“.

„Кијкдуин и натаму ќе биде атрактивно место за ловците на покемони, но помалку ќе им пречат на жителите, а штетата на заштитените подрачја ќе биде ограничена“, соопштија локалните власти.

Првото рочиште на судот во Хаг е закажано за 11-ти октомври.

Извор: Макфакс

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e